-->
-->
3000 „тифози“ доаѓаат на Филип Втори
-->
Над 3000 Италијани доаѓаат во Скопје да ја бодрат својата репрезентација
По несреќниот пораз од Албанија, во Скадар, Фудбалската репрезентација на Македонија е пред нов голем предизвик. Во Скопје гостуваат Израел и Италија. Израел можеби не толку звучно име, но секогаш незгодна репрезентација за нас, додека Италија, популарните Азури, во најсилен состав и со императив за победа.
Едни од најдобрите фудбалери во светот како Буфон, Верати, Имобиле, Грациано Пеле, Кјелини, Џакерини, Мота и останатите, кои настапуваат во најелитните европски клубови, и кои заедно во италијанската репрезентација претставуваат еден компактен тим кој пружи одлични игри да последното европско првенство, тим кој со својата игра воодушевува милиони љубители на фудбалот низ светот, и кој несреќно на пенали беше сопрен од Германија во борбата за последната европска титула.
Македонската фудбалска репрезентација има силни противници кои сигурно ќе бидат голема инспирација да се даде максимум и да се остварат поволни резултати. Посакуваме Пандев да даде гол против земјата во која ја достигна својата фудбалска слава, Несторовски да ја потврди својата вредност, Хасани да биде брилијантен како многупати досега, а одбраната да биде сконцентрирана и непробојна.
Во секој случај ќе гледаме убав фудбал, по вкус на вистинските фудбалски сладовкусци. Во интерес на добрата фудбалска претстава оди и фактот дека Фудбалската Федерација на Македонија одреди исклучително поволна блок цена за овие два репрезентативни натпревари. Цената за север и југ ќе биде 500 денари, додека за запад 250 денари. Доаѓа за првпат фудбалска велесила како Италија, неколку кратен светски фудбалски првак, што само по себе е гаранција за одлична претстава која никако не смее да се пропушти. Побрзајте по својот билет, спремете ја вашата лична црвено жолта декорација и да му покажеме на светот како се навива во Македонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Борко Ристовски, министер за спорт
-
Мицкоски оптимист за ЕУ интеграцијата и покрај ставовите на Кос
-
Гаши за уставните измени
-
Mицкоски ќе оди на средба со банкарите – да им го каже она што сакал да им го каже
-
Скопје на седмо место според загаден воздух во светот – почна сезоната на алармантно аерозагадување
-
Десет дена Виница се гуши во отпад
-
Граѓански собир во Охрид за решавање на проблемот со дивите депонии
-
Слаб интерес за приклучок на гасоводната мрежа во Струмица