30 дена притвор за владин возач кој барал 1.500 евра за вработување пожарникар

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција отвори истражна постапка против вработен во Службата за општи и заеднички работи на Владата, осомничен за кривично дело „Примање награда за противзаконито влијание“.
Според Обвинителството, постои основано сомневање дека осомничениот, кој работел како возач на висок владин функционер, во периодот од 24 јули до 4 септември годинава побарал 1.500 евра од граѓанин за да го искористи своето наводно влијание и да посредува кај службени лица во Град Скопје во врска со вработување по оглас за прием на пожарникари.
Случајот бил пријавен од оштетениот граѓанин, по што Единицата за корупција при Бирото за јавна безбедност, во координација со надлежниот јавен обвинител, презела активности за обезбедување докази.
-По пријавувањето, надлежните органи, во координација со предметниот обвинител, презедоа дејствија за обезбедување докази. На 4 септември 2026 година, осомничениот е затекнат при примопредавање на 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра, кои претходно биле обележани – информираат од Обвинителство.
Поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и ризик од повторување на делото, јавниот обвинител предложил определување мерка притвор. Судија на претходна постапка го прифатил предлогот и на осомничениот му одредил притвор во траење од 30 дена.
Министерството за внатрешни работи претходно денеска информира дека по поднесена пријава од граѓанин, Д.Ц. вработен како возач во Службата за општи и заеднички работи при Влада на РСМ, е затекнат при примање на претходно обележани парични средства, по што е лишен од слобода.
Од Обвинителството нагласуваат дека навременото пријавување на корупцијата и подготвеноста на граѓаните да соработуваат со надлежните институции е исклучително важно.
-Пријавувањето на барање или понуда за поткуп и противзаконито влијание овозможува навремена реакција, обезбедување докази и ефикасно постапување на надлежните органи. Јавното обвинителство ги охрабрува граѓаните да ги пријавуваат ваквите случаи и да соработуваат со надлежните институции и останува посветено на одлучно постапување по сите сознанија за коруптивно однесување за кои постојат основи за преземање обвинителски дејствија – се вели во соопштението од Обвинителство.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Верувајте во нашата татковина, покажавме дека можеме да победуваме
-

Повреден 48-годишник при пукање во Арачиново
-

Приведен 48-годишник кој барал пари две години за да не објави интимни фотографии
-

Повозрасна жена нападнала малолетно девојче во Кисела Вода
-

Македонските одбојкари пред полни трибини на отворањето на ЕП во Софија
-

Сиљановска Давкова: 8 Септември трајна обврска за секоја генерација да ја направи подобра државата
-

Охридскиот аеродром со ново лице, поголем капацитет и подобри услови за патниците
-

Потпишан договор за соработка меѓу Државниот архив на Македонија и Хрватскиот државен архив
