30 дена притвор за тројцата кои во тетовско Нераште одгледувале 100 стебла канабис
По вчерашното приведување на три лица на локација во тетовско Нераште на која се најдени и 100 стебла канабис сатива, денеска судија во претходна постапка им одреди мерка притвор.
Полицијата вчера околу 18 часот ги приведе А.Ш. (24),Р.К.(30) и И.Т. (26),тројцата од Скопје, кои биле затекнати во реонот помеѓу тетовско Нераште и скопска Радуша, од левата страна на реката Вардар, каде се сомничат дека одгледувале „канабис сатива”.
-По вчерашното приведување тројцата се задржани се во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот. Потоа е поднесена кривична пријава до Обвнителството согласно член 215 од Кривичниот законик за „неовластено производство и пуштање во промет на нартотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори. Потоа судија во претходна постапка им одреди мерка притвор од 30 денови, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
По одредување на мерката притвор тројцата се пренесени во КПУ Затвор Скопје.
Ново на Сител
-
Подметнат пожар во сервис за возила во Пинтија
-
Мицкоски: МВР засилено работи на откривање на подметнувачите на пожарите
-
Тошкоски: За една недела се палат сите отпади и депонии околу Скопје
-
СДСМ: На Мицкоски не може да му се верува
-
Безбедноста на посетителите приоритет за претстојната „Штипска пастрмалијада“
-
Не запира рибокрадството
-
Преглед на вестите од светот
-
300 пати над дозволеното присуство на јаглерод моноксид