-->
-->
30 дена притвор за дрвокрадците од Прилеп
-->
30 дена притвор им одреди судија на претходна постапка на десеттемина дрвокрадци за кои МВР поднесе кривична пријава за напад на службено лице.
Во четвртокот околу 20 часот полициски службеници од Полициското одделение Чашка додека вршеле службени дејствија на стариот пат Прилеп-Велес сопреле за проверка 3 патнички возилабез регистерски ознаки при што едното возило избегало. Останатите две возила биле натоварени со огревни букови дрва кои од страна на полициските службеници биле одзмени. Притоа наишла поголема група на граѓани меѓу кои и десетте пријавени лица кои почнале агресивно да се однесуваат игнорирајќи ги усните наредби со тврди предмети ги искршиле стаклата од полициското службено возило, а ги нападнале и полициските службеници.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Шест лица приведени во врска со пукањето на семејна веселба во гостиварско
-

Сервисираниот „ер трактор“ повторно ставен во функција
-

Руските сили извршија напади врз украинските пристаништа во Одеса и Николаев
-

Зголемена фреквенција на граничните премини, на некои се чека и повеќе од еден час
-

Родилка остана во инвалидска количка по направен царски рез
-

Николоски: Распределни 47 социјални станови во Дебар, грижата за ранливите категории семејства е приоритет на Владата
-

Претрес во автокамп на охридското крајбрежје, пронајдена дрога, приведен 39 годишен скопјанец | ФОТО
-

Кривична против струмичанец поради обид за убиство на поранешната сопруга
