3 години и два месеци казна затвор за Мендух Тачи, три години за Сашо Мијалков
Обвинетите во случајот „Титаник 2“ на СЈО, кој се однесува за изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година, добија вкупно 19 години и осум месеци казна затвор.
Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков доби казна затвор од три години, исто толку добија и Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев, лидерот на ДПА, Мендух Тачи доби три години и два месеца, а највисока од четири години и шест месеци му е изречена на Бедредин Ибраими.
На изрекувањето на пресудата, од обвинетите, не присуствуваше само Мендух Тачи.
Јавната обвинителката Фатиме Фетаи во завршни зборови, побара осудителни пресуди за сите обвинети во случајот.
Според СЈО, Мијалков како директор на УБК и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го искористил своето реално влијание и моќ и преку Мендух Тачи договорил да се усвојат приговорите за прегласување на три избирачки места во Струмица на локалните избори 2013 година.
Поништувањето на гласањето, според Фетаи, е егзактна пресметка на ВМРО-ДПМНЕ за тоа колку е потребно за нивниот кандидат да може да оди во втор круг, додека Тачи иако немал законско право го убедил Бедредин Ибраими да го промени своето мислење и да гласа за приговорите на ВМРО-ДПМНЕ, а за возврат како што појасни Фетаи членовите на ДИК од ВМРО-ДПМНЕ требало да гласаат за приговори на ДПА за Чаир.
Другите обвинети членови на ДИК, според СЈО, ја злоупотребиле службената положба и не биле во функција на Изборниот законик, туку на партиските интересни.
Одбраната во завршните зборови побара ослободителна пресуда за сите обвинети, посочувајќи дека обвинителството не изнело докази со кои се потврдува делото за кое се теретат. Дополнително адвокатите од одбраната имаа забелешки и на веродостојноста на аудио доказите, за кои како што посочија, биле незаконски стекнати. Посочија и дека обвинението е поднесено од неовластено тужителство, односно е по истекот на периодот од 18 месеци, одреден за поднесување обвиненија од СЈО.
Случајот почна во април минатата година, а претставник на државното правобранителство на едно од рочиштата преднајави отштетно побарување во висина од 197.574 денари.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација