Македонија
22. March 2024 - 11:48

29-годишно момче загина во сообраќајна несреќа

Вчера во 17.57 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патот Градско - Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со прилепски регистарски односи, управувано од А.М.(29) од Прилеп и товарно возило „ман“ со скопски регистарски односи, управувано од З.Б.(38) од Куманово, соопшти МВР.

Во несреќата, А.М. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во градската болница Прилеп каде починал. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција, а увид на местото извршила екипа на ОВР Прилеп, додаваат од полицијата