29 годишник од Тетово на социјалните мрежи објавувал слики од малолетничка со вулгарен текст
Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против 29-годишник од селото Церово кој е осомничен дека спрема малолетничка родена 2007 година сторил кривично дело „злоупотреба на лични податоци“ од член 144 став 2, како и „полово вознемирување“ според член 190-а став 1 од Кривичниот законик.
-Осомничениот во повеќе наврати, преку една социјална мрежа, ја контактирал оштетената, објавувал нејзини фотографии придружени со текст со вулгарна и недолична содржина, упатувал непристојни пораки со што ја нарушувал нејзината чест и углед и предизвикувал чувство на непријатност, навреденост, понижување и страв, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.
По предлог на јавниот обвинител, судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово на осомничениот му определи мерка притвор во траење од осум дена.
Ново на Сител
-
Забраната за пиротехника во затворени простори утре пред пратениците
-
ДУИ: Зошто владата ја крие вистината за врските на агенцијата за обезбедување „Рубикон“
-
Кај шест пациенти во „Св. Наум Охридски“ е извршена трансплантација на кожа
-
СДСМ обвинува за нови сканадали во Министерството за дигитална трансформација
-
Македонија е атрактивна дестинација за нуркачите од светот
-
За прв пат од постоењето ќе се гради асфалтен пат до ски терените во Крушево
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Васко Наумовски