Македонија
7. September 2020 - 15:47

29-годишник од с.Горно Црнилиште со воздушна пушка пукал во кучето на соседот

Вчера во Полициската станица Свети Николе, К.С.(29) од с.Горно Црнилиште, светиниколско, пријавил дека околу 07.40 часот покрај чешмата во с.Горно Црнилиште неговиот сосед И.Т. со два истрели од воздушна пушка му нанел повреди на неговото куче, соопштуваат од МВР.

Извршен бил увид на местото и по комплетирање на случајот против И.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава.