29-години од смртта на принцезата Дијана

На денешен ден пред 29 години, светот беше потресен од веста за трагичната смрт на принцезата Дијана - една од најсаканите и највлијателни личности на британското кралско семејство. Нејзината смрт одекна ширум светот, оставајќи милиони луѓе во неверување и тага. За многумина, Дијана не беше само принцеза, туку „кралицата на срцата“, жена која со својата човечност и блискост ја освои јавноста.
Принцезата Дијана почина во Париз, неколку часа откако автомобилот во кој се наоѓаше доживеа страшна несреќа во тунелот „Пон де л’Алма“.
На последниот ден од август 1997 година, автомобилот со Дијана, нејзиниот партнер Доди ал Фајед и возачот Анри Пол удрил во тунелот. Доди и Пол загинале на местото, додека телохранителот Тревор Рис-Џонс бил тешко повреден.
Меѓу првите што пристигнале на местото бил францускиот пожарникар Ксавие Гурмелон. Тој ја затекнал Дијана жива и свесна, со отежнато дишење. Ја држел за рака и се обидувал да ја смири, верувајќи дека ќе преживее.
„Мој Боже, што се случи?“ биле, според неговото сведоштво, последните зборови на принцезата.
Дури подоцна спасувачите сфатиле дека повредената жена е принцезата од Велс. Таа била пренесена во болницата „Пити-Салпетриер“, каде што починала околу еден час по несреќата.
И по речиси три децении, нејзината смрт останува една од најпотресните трагедии што го одбележаа крајот на 20 век.
Иако околностите на трагедијата со години поттикнуваат бројни шпекулации и теории на заговор, официјалните истраги несреќата ја поврзаа со високата брзина, алкохолот и губењето контрола над возилото.
Ново на Сител
-

Силекс и Брегалница ремизираа
-

Зеленски: Русија за една недела лансираше 2.100 дронови
-

Трамп тврди дека „негативните сили“ претеруваат во загриженоста околу вештачката интелигенција
-

Полска вознемирена откако Русија нападна воз од Киев за Варшава
-

Избрана нова влада на Косово, во ист состав како претходната
-

ДИК: Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на Општина Брвеница
-

Драматичен обид за бегство на криумчари кај Блаце, полицаец влечен за рака со возило
-

Старт на „Безбеден град“ во Велес, веќе за ден и пол околу 150 казни
