27-годишник нападнал полицаец, при претрес на неговиот дом пронајдени семки канабис и муниција
На 08.08.2025 во 10.10 часот во Виница, полициски службеници од ОВР Виница го лишиле од слобода Б.В.(27) од Кочани, со живеалиште во Виница, затоа што физички го нападнал началникот на Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница додека извршувал службени дејствија, односно му врачувал покана за службен разговор, соопшти МВР.
Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во домот на Б.В. во Виница, при што биле пронајдени и одземени околу 100 семки од растението канабис, две дробилки со остатоци од марихуана, куршуми различен калибар, три сабји, електрошок и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Ново на Сител
-
Убиство пред казино во Кавадарци
-
Деканот на Градежен нов независен кандидат за градоначалник на Скопје
-
Родителите на децата Македонци при упис во училиште, не ја почитуваат реонизацијата
-
Филипче ги отфрла обвинувањата за таен план со ДУИ за хаос на изборите
-
Волонтерите од струмичкиот Црвен крст собираат училишен прибор за децата од социјално ранливите семејства
-
Пчеларите бараат повисоки субвенции
-
Прилеп утре повторно ќе добие јавен градски превоз по пауза од 3 дена поради штрајк на вработените во ЈП за ПУП
-
Цените на становите растат побрзо од платите, новите мерки на НБРМ ќе им помогнат на младите