252 санкционирани возачи во Скопје, 110 за брзо возење
Во текот на вчерашниот ден МВР продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот
На територија на град Скопје изречени се вкупно 252 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 110 санкции, 21 мерка за возење без возачка дозвола, четири санкции за некористење на сигурносен појас.
Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон, 13 мерки за нерегистрирани возила, пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), две мерки за недавање првенство на минување на пешаци, една санкција за возач почетник...
Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Ново на Сител
-
Уште едно лице побарало медицинска помош
-
Тошковски: Ја засилуваме превенцијата
-
Презентирано решението за новата Универзална сала
-
Туристите од Турција повторно најбројни
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Никола Димитров, екс министер за надворешни работи
-
Состојба со пожарите во Трубарево и Дрисла
-
Состојба со пожарите во Трубарево и Дрисла