-->
-->
25 проценти повеќе новороденчиња во Кавадарци споредено со лани
-->
Во првиот квартал од 2025 година, во Општата болница со проширена дејност во Кавадарци се родени 25 проценти повеќе новороденчиња во споредба со истиот период од 2024 година, информираа од болницата.
-Ова се убави вести од оваа јавна здравствена установа. Оваа статистика не е само бројка, таа претставува живот, иднина и надеж. Радосни сме што сѐ повеќе семејства го започнуваат својот најважен животен момент токму во нашата установа, каде што стручноста и грижата за пациентите се на прво место. Гордост е да се биде дел од овој позитивен тренд, а ние продолжуваме со посветеност и љубов да се грижиме за секој нов живот што започнува овде, во Кавадарци, соопштуваат од Општата болница Кавадарци.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
80 годишнина од кодификацијата на македонскиот јазик
-
Македонија останува атрактивна за странците
-
Вработен сум додека студирам - дали ги губам студентските права?
-
Преглед на вестите од светот
-
Протест на Кулакови против пресудата за Васил
-
Дали правото секогаш носи правда
-
Независните советници во општинските совети поднесоа амандмани на Законот за измена на локална самоуправа
-
Советот во Кочани не ги прифати договорите со Струмица и Карпош