25 мерки за алкохолизирани возачи на територија на СВР Куманово
Во текот на вчерашниот ден (01.05.2022) во периодот од 17.00 до 22.00 часот на подрачјето на СВР Куманово спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата биле откриени и санкционирани 25 возачи под дејство на алкохол кои веднаш се исклучени од сообраќај и им се изготвени законски предвидените поднесоци. Најголемиот број од санкционираните се на подрачјето на Куманово – 19, на подрачјето на Кратово – четири, два на подрачјето на Крива Паланка. За време на контролата биле санкционирани и седум останати прекршоци.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Ново на Сител
-
Нема опасност за населението од излевањето на Маркова река, уверуваат локалните власти
-
Путин се сретна со Додик во Москва
-
Предлог-измените на Законот за субвенциониран студентски оброк поминаа на собраниската Комисија за финансирање и буџет
-
Додик: Ниту побарав, ниту добив руско државјанство
-
Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со учесниците на програмата „Конекција Оксфорд“
-
Отворена нова истрага против Марин Ле Пен - за закани кон судии
-
Заматена водата за пиење во Кавадарци
-
Предлог-измената за забрана на пиротехника во затворен простор помина на собраниската Комисија за одбрана и безбедност