25 годишник во повеќе наврати силувал 13-годишно девојче

Основното јавно обвинителство од Прилеп покрена постапка против 25-годишно момче од село Дебреште кое се сомничи дека извршило полов напад врз дете кое не наполнило 14 години.По предлог на јавен обвинител, на осомничениот му е одреден 30-дневен притвор.Момчето од почетокот на април до 20 јули годинава во атарот на селата Лажани и Дебреште и во Прилеп извршил обљуба врз девојче за кое знаел дека нема наполнето 14 години.
Тој со девојчето остварил контакт преку социјална мрежа и во април се договориле да се сретнат пред портата од дворното место во куќата каде живеела. Побарал од неа да влезе во возилото со уцена дека доколку не го стори тоа во јавноста ќе пуштел фотографија која таа му ја испратила претходно на Фејсбук. Девојчето влегло во возилото, по што ја однел на друга локација и ја силувал.
На 18 јули, повторно со уцена, ја принудил да влезе во возилото и заедно отишле во неговиот дом во Дебреште. Таму се задржале се до моментот кога добиле сознание дека во куќата доаѓа полицијата, по барање на родителите на девојчето и по наредба на ОЈО Прилеп, за да го врати девојчето кај родителите. Тогаш со возило кое го возел братот на осомничениот ја напуштиле куќата и отишле во неговата куќа во Прилеп, каде пак ја силувал
На 20 јули, криејќи се од полицијата, го донел девојчето во стариот дел од куќата каде што живеел во Дебреште и повторно без нејзина согласност извршил обљуба.
Ново на Сител
-

„Аушвиц, Аушвиц“ и „Стани, Адолфе“: Скандалозни скандирања на навивачите на Хајдук
-

Мартинез му се извини на раководството на Манчестер јунајтед
-

Сиљановска-Давкова: Командата за операции е еден од столбовите на армискиот одбранбен систем
-

Кејн останува во Баерн до 2029
-

Алкараз прв пат по петгодишна пауза ќе игра во Виена
-

Камп Ноу и Бернабеу во шпанската кандидатура за СП во рагби во 2025
-

Малолетник претепан од група врсници во училишен двор, нападот снимен и објавен на социјалните мрежи
-

„Тесла“ го претстави новиот „Роудстер“: Забрзува до 100 км/ч за помалку од секунда, лета и се превртува во воздух
