249 санкционирани возачи во Скопје, 60 за брзо возење
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (10.04.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 249 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 60 санкции, 31 мерка за возење без возачка дозвола, 44 санкции за возење под дејство на алкохол.
Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон, пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), осум мерки за нерегистрирани возила, три санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, осум мерки за возач почетник...
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Ново на Сител
-
Нема реконструкција на Владата пред локалните избори, изјави Мицкоски
-
Бензините и дизелот поевтинуваат за 0,50 денари по литар
-
Кисела Вода обезбедува финансиска помош за набавка на огревно дрво
-
Кешишев изјави дека не бил свесен за случувањата, иако бил „десна рака“ на Палчо
-
Кина вети стабилни односи со Јужна Кореја по отповикувањето на претседателот Јун
-
САД воведуваат вештачка интелигенција во воената авијација
-
ВМРО-ДПМНЕ: Со 18.000 гласови, Филипче нема легитимитет
-
18-годишник од Штип возел 114 на место каде што дозволено 50