Македонија
26. December 2020 - 17:01

24-годишник се здобил со повреди при работа во фабрика во Кочани

Во Полициската станица Кочани, од Итната медицинска помош Кочани, вчера било пријавено дека околу 07.35 часот А.К.(24) од Кочани во фабрика во Кочани при работа се здобил со повреда на левата нога.

-По укажаната лекарска помош од доктор во Итната медицинска помош бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, информира МВР.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Одделението за внатрешни работи Кочани.