23-годишен скопјанец крадел шипки, алати и апарати, обвинител бара притвор за да не избега
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 23-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил две кривични дела – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик.
Јавното обвинителство соопшти дека осомничениот, на приватен плац во населбата Радишани, насилно со обивање влегол во заклучен објект заграден со мрежа и одзел мешалка за бетон, приколки, градежни колички, алати, апарати и други предмети, стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 60.000 денари и предизвикувајќи дополнителна штета на имотот од околу 5.000 денари. Одземените предмети на 20 март ги продал на фирма за откуп на отпад.
На 9 април, како штоп стои во соопштението, осомничениот извршил уште една тешка кражба токму во отпадот во кој ги продал одземените предмети. Влегол преку заштитната ограда и од кругот на отпадот одзел околу 200 килограми арматура во шипки со различна должина и други предмети, со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 40.000 денари. Потоа веднаш го напуштил местото, но кражбата била регистрирана од безбедносните камери поставени на објектот.
-Со оглед на тоа што се работи за лице кое и претходно неколку пати е осудувано за кражби и тешки кражби, надлежниот јавен обвинител оцени дека постои опасност од бегство и дека има потреба да се обезбеди неговото присуство во текот на постапката, до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, информира ЈО.
Ново на Сител
-
Полагање на државна матура 2025 година - Смислија ли надлежните нови механизми за да се спречи препишувањето?
-
Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-
Избори во Германија
-
Бајовски: Радиоактивниот фон на зрачење во РЕК Битола не е многу поголем од природниот
-
Таравари во обид за договор со ВРЕДИ
-
ДУИ: Сиљановска го поткопува мултиетничкиот карактер на државата
-
Семејното насилство ќе се гони по службена должност
-
Зградите на ФИНКИ и ФФК кои 6 години пропаѓаат ќе се доградат по стручна анализа од работна група