22 паднати дрвја поради обилните врнежи од снег во Скопје
Поради обилните врнежи од снег во текот на изминатото деноноќие на територијата на Скопје се евидентирани вкупно 22 паднати дрвја, од кои 17 се во населени места, а другите пет дрвја се во Градскиот парк, информира градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов.
Тој на својот фејсбук профил напиша дека екипите на Градот Скопје и јавните претпријатија веднаш излегле на терен и ги расчистуваат паднатите гранки и дрвја, а се санираат и скршените гранки што висат од дрвјата и претставуваат опасност за минувачите.
– Апелираме до граѓаните да бидат внимателни и претпазливи при движењето покрај дрвја и дрворедите, а воедно ги замолуваме за трпение додека траат активностите за расчистување на штетите предизвикани од обилните врнежи на снег, пишува Шилегов на фејсбук.
Ново на Сител
-
Вреди ја напуштија собраниската седница
-
Расчистен случајот „Долно Блаце“, дисциплинска постапка за шест полициски службеници
-
Нашиот Мато наполетано повторно помеѓу светската елита
-
Паднато дрво кај месноста Баткова Чешма го отежнува движењето на возилата на патот Делчево - Македонска Каменица
-
На повикот за проекти во вкупна вредност од 250 милиони евра во текот на вчерашниот ден аплицирале 10 до12 општини
-
Протест пред полициската станица во Косовска Митровица поради апсењето на четворицата српски младинци
-
Мицкоски за преговорите со Бугарија: Да почекаме таму да се случи политичка Влада, за да видиме дали постои желба за дијалог
-
Ќе има и есенска и пролетна кошничка, Владата ќе му излезе во пресрет на стопанството за Законот за нефер трговски практики