Македонија
11. August 2021 - 12:30

22-годишна Албанка приведена на ГП „Табановце”

Дваесет и двегодишна Албанка била приведена на граничниот премин „Табановце” бидејќи покажала туѓ пасош.

„ Р.К.(22) од Република Албанија при проверка приложила патна исправа на име на П.С.(28) од Република Албанија. Р.К. била приведена и предадена на полициски службеници за понатамошна постапка“.