Обвинителство: Побарана подготвителна постапка кон дете за предизвикување пожар во Расадник
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до судија за деца во Основниот кривичен суд Скопје поднесе барање за поведување подготвителна постапка кон дете во судир со законот кое презело дејствија кои со закон се предвидени како кривично дело – Предизвикување општа опасност по член 288 став 1 од Кривичниот законик.
На 3 септември во попладневните часови, детето на возраст од 14 години, заедно со уште две деца во ризик кои не наполниле 14 години и од тие причини не се кривично одговорни, палеле петарди и жижици на земјена патека во месноста Расадник, Кисела Вода.
- Како последица на тоа, бил инициран пожар кој брзо се проширил на околната сува трева поради ветерот и зафатил површина од околу 3 хектари – дрвја, сандаци со пчели и неколку бандери за пренос на електрична енергија. Со пожарот била предизвикана значителна опасност за животот и телото на луѓето и за имотот од големи размери, се вели во соопштението од ЈОРСМ.
Претходно денеска, Министерството за внатрешни работи информира дека за случајот со пожарот во Расадник поднесена е кривична пријава против 14-годишен малолетник, кој заедно со уште две деца фрлале пиротехнички средства, по што се запалила сувата трева и настанал пожар во кој беа заатени околу три хектари површина. СВР Скопје до ОЈО Скопје поднел кривична пријава против 14-годишен малолетник за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност", предвидено и казниво по член 288 од КЗ.
Во пожарот, како што информираа од Скопската противпожарна единица, опожарена е површина со сува трева, грмушки, автомобилски гуми и дрва во Расадникот. Во гаснењето интервенирале осум протовпожарни возила и 15 пожарникари, нема повредени лица, а е причинета материјална штета.
Ново на Сител
-
Новороденче почина на Детската клиника, било донесено од Струмица со сепса добиена при породување
-
Поранешниот министер Никола Димитров објави дека бил нападнат со агресија и закани од човек кој не го познава
-
Грчките власти им забраниле на албанските новинари влез во земјата за да присуствуваат на средбата на Рама во Солун
-
Прв премиерлигашки пораз сезонава за Манчестер Сити, Ливерпул нов лидер
-
Маж со автомобил ја удрил поранешната девојка во Ѓорче Петров
-
Уапсен 54 годишен маж - Ја турнал на земја за да и ја земе чантата
-
Истрага за примање поткуп од градежна инспекторка во Куманово, судот определи триесетдневен притвор
-
Македонската кикбокс сениорска репрезентација замина на ВАКО Европското кикбокс првенство во Атина