21.178 сообраќајни прекршоци во текот на месец мај
Во рамки на континуираните сообраќајни контроли на патиштата низ земјава, во текот на минатиот месец полициските службеници во сите сектори за внатрешни работи издале вкупно 21.178 платни налози претежно по основ на прекршоци сторени согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Од нив, заради непрописно паркирање биле изречени 5480 прекршоци, за движење со брзина поголема од пропишаната 5458, а пак за управување без возачка дозвола евидентирани се 2114 прекршоци.
Покрај ова, во текот на мај биле санкционирани 527 пешаци, шестмина возачи на електричен тротинет и седум возачи на велосипедисти. Исто така, регистрирани се 775 прекршоци за користење на мобилен телефон при возење, 1203 прекршоци за неносење сигурносен појас, 744 санкционирани возачи на мотоцикл за неносење заштитна кацига.
-По основ на ЗБСП биле изречени и санкции за 567 возачи кои што учествувале во сообраќај со недозволено количество алкохол во крвта, и уште 113 возачи коишто се казнети за минување на црвено светло. По основ пак на Законот за возила минатиот месец биле изречени 153 мерки за технички неисправни возила и уште 500 прекршоци за возила кои што учествувале во сообраќај без валидна регистрација, соопштуваат од МВР.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.
Ново на Сител
-
ЗНАМ го потврди Максим Димитриевски за кандидат за Куманово
-
Ангела и Андреј се враќаат од Белград
-
Политичките партии со обвинувања: Што е испуштено во истрагата, што е преземено по трагедијата во Кочани?
-
Дали има лекарска негрижа во случајот со починатото 3–годишно дете од Кавадарци?
-
Муслиманите го слават Курбан Бајрам
-
Голем број Mакедонци продолжениот викенд ќе го поминат надвор од државата
-
Бошков: Доцнењето со оперативниот план втурна 10.000 лица да работат на црно
-
Преглед на вестите од светот