-->
-->
210 милиони Кинези го гледале СП во Снукер
-->

Снукерот станува се попопуларен во Азија и блискиот исток а за тоа говори податокот дека СП кое традиционално се одржува во Шефилд, Англија го следеле повеќе од 210 милиони Кинези преку малите екрани.
Најмногубројната земја на светот има повеќе од 10 милиони регистрирани снукераши и со тоа Кина се најавува како еден од следните организатори на СП во снукер.
Турнирот во Шефилд ќе остане во „Крусибл театарот“ уште најмалку 10 години, но постојат шанси потоа да се пресели и на Далечниот исток.
Особено што малку недостасуваше овој викенд да го добијат и првиот светски првак во историјата на снукерот. Дин Џунхуи успеа да го совлада Марк Селби но на крајот резултатот гласеше 18=14 за најдобриот играч на планетата што му ја донесе и втората титула. СП траеше цели 17 дена а финалето го следеле дури 42 милиони Кинези иако временската разлика е голема. Ова е најгледаното спортско натпреварување во 2016 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Опожарен продажен објект во Куманово
-

Ѓорѓиевски: Даноците и цената на паркингот ќе останат исти
-

Ќе бидат обележани околу 150 „црни“ точки на скопските улици за поголема безбедност во сообраќајот
-

Во Дебарско лани се родиле 148 бебиња, од нив 132 во Општина Дебар и 16 во општина Центар Жупа
-

Од компликација од грип почина 62-годишен маж
-

Приведен 51-годишник од Пепелиште, при претрес пронајдени се 25 туби со по 20 литри нафта за кои не поседувал документација
-

Град Скопје блокираше 18 илјади сметки за неплатен данок на имот
-

Кривична за 46-годишник од Гостивар, преку коментари на социјалните мрежи ширел омраза
