21-годишно момче ограбило две куќи во Шуто Оризари
Службеници од Единицата за интервентна полиција вчера го лишиле од слобода А.Ѓ.(21) од Скопје, за кого била распишана потерница од Одделението за криминалистички работи Чаир.
Како што соопшти утрово МВР, во полициска станица со него е извршен службен разговор во врска со извршени кривични дела на подрачјето на Шуто Оризари, при што тој појаснил дека сторил две кривични дела, и тоа „кражба“ и „тешка кражба“.
Имено, на 28.10.2021 А.Ѓ. извршил „кражба“ од куќа на подрачјето на Шуто Оризари, сопственост на Н.Ј., при што украл електричен тротинет, кој бил пронајден и вратен на сопственикот. Делото „тешка кражба“ го извршил на 07.11.2021 од куќа сопственост на Ш.С., од каде украл повеќе разни предмети. Дел од нив, како што е наведено во соопштението од МВР, меѓу кои и агрегат за струја, биле пронајдени и вратени на оштетениот.
Во координација со Јавен обвинител, по документирање на случајот за двете кривични дела, против А.Ѓ. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Ново на Сител
-
Русија не исклучува контакти со САД во наредните денови
-
ЕУ ја поддржува иницијативата за мир во Украина, Лондон повикува на акција
-
Премиерот на Онтарио ја суспендираше одлуката за поскапа струја – следуваат нови трговски преговори со САД
-
Трамп ќе разговара со Путин, но предупредува: За танго се потребни двајца
-
Почна судењето на обвинетите за смртта на Марадона
-
Вашингтон ја обновува воената помош за Киев – Украина прифати 30-дневен прекин на огнот
-
Трамп ќе го покани Зеленски во Белата куќа
-
Сообраќајка меѓу две товарни возила кај кавадаречко Раец, едно лице повредено