2020 е престапна година - работи кои не сте ги знаеле за 29 февруари
Откриваме зошто секоја четврта година е престапна и што крие 29 февруари.
Една година трае отприлика 365 дена, 5 часа, 45 минути и 46 секунди. Тие додатни 5 часа и неколку минути, за кои никој не сака да зборува, се всушност причина зошто имаме престапна година.
Годината со 366 дена се јавува на секои 4 години, поттикнувајќи ги жените да ги запросат мажите и прави родендените да бидат многу збунувачки за одреден број луѓе.
Но, тоа не се единствени чудни работи поврзани со овој датум. Во продолжение има неколку причини зошто 29 февруари е многу поинтерес отколку сте мислевте.
Зошто имаме престапна година што е тоа „престапна секунда“?
Поентата на престапната година е да помогне во прилагодувањето на грегоријанскиот календар со соларниот календар и да осигура дека на навреме ќе ги прославуваме соларните настани како што се пролетната или есенската рамноденица секоја година. Меѓутоа, дури ни дополнителниот ден во февруари на секои 4 години не може да го осигура точно вклопувањето, поради што научниците понекогаш повикуваат на „престапна секунда“.
Престапната секунда е подесување од една секунда која повремено се применува на координираното универзално време за да се намали разликата помеѓу прецизното време кое го мериме со часовниците и непрецизното воочено соларно време кое варира поради долготрајното успорување на ротацијата на Земјата.
Како да знаеме која година е престапна?
Многу едноставно: доколку последните две цифри од годината се делат со 4 (на пример 2016, 2020, 2024…) тогаш е престапна година. Годините кои означуваат крај на век се издвоени од ова правило. Тие мора да се делат со 400 за да бидат престапна година. Значи 2000 и 2004 се престапни години, но 2100 нема да биде.
Зошто жените ги запросуваат мажите баш на 29 февруари?
Откако папата Гргур XIII со указ го прогласил грегоријанскиот календар во 1582 година, идејата за додавање на 29 февруар на секои четири години изгледала како смешна, што во британскиот театар направиле комична претстава во која се истакнувало дека жените на тој ден би требало да ги заменат здолништата за панталони и да се однесуваат како мажи. Претставата е означена како сатира, но тогашните феминстки биле испирирани, до 1700 година жените го користеле 29 февруари за да им предложат брак на мажите. Традицијата, која денес се нарекува „Bachelor’s Day“, го достигна врвот во почетокот на 1900 година и продолжува и денес да се применува во Велика Британија.
Раѓање, но и уште нешто
На светот постојат околу 4 милиони луѓе кои се родени на овој ден. Веројатноста дека некое бебе баш на 29 февруари е 1:1.500.
Луѓето кои се родени на 29 февруари имаат проблем со одбележувањето на својот роденден, но се случува и некој да умре баш на овој ден. Според Енциклопедијата на светското наследство, во 1800 – тите, Џејмс Милн Вилсон кој е по потекло Британец, а за време на животот станал и премиер на Тасманија „роден е на престапен ден и умрел токму на тој ден“. Вилсон умрел на 29 февруари 1880 година, на неговиот „17“ роденден, односно кога имал 68 години во регуларни години.
Попусти на 29 февруари
Во многу држави продавниците даваат големи попусти токму на овој ден. Затоа обрнете внимание, тоа може да се случи и кај нас, па ќе може да си го купите она што сте го сакале по многу поволни цени.
Ново на Сител
-
30 годишник ја претепал невенчаната сопруга и нивните деца, па ја заклучил во соба
-
Мицкоски за амнестијата за организаторите на „27 април“: Тоа е судска одлука, не би имал што да додадам
-
Државна лотарија се придружува на глобалната кампања за подигање на јавната свест за ризикот од вклученост на младите под 18 години во игрите на среќа
-
Курти ја обвини најголемата партија на косовските Срби дека го претставува Белград
-
Три од 28-те преживеани во авионската несреќа во Казахстан биле деца
-
Најмалку 14 преживеани во авионската несреќа во Казахстан | ВИДЕО
-
Приведен крадец баран со потерница
-
Автобус се излизга во Сопиште