2000 деца на бесплатно летување во Струга

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, денес го посети детското одморалиште „25 мај“ во кое во моментов престојува петтата група на деца кои што се дел од проектот “Бесплатен летен одмор за деца од семејства од социјален ризик”.
“Станува збор за проект на Владата на Република Македонија кој што го реализираме од 2012 година. Заклучно со ова лето, овој проект збирно до сега го имаат искористено 11.000 дечиња. Имено петтата група која што денес ја посетуваме е составена од околу 200 деца од повеќе градови и општини ширум Р.Македонија. За ова лето обезбедивме 2000 дечиња да можат да ја искористат оваа бесплатна услуга, да ги искористат поволностите од проектот “Бесплатен летен одмор за деца од семејства од социјален ризик”појасни Спасов
Обезбедени средства за ова бесплатно летување за 2000 деца од социјален ризик се во износ од 8.000.000 денари. Проектот продолжува да се реализира до крајот на летото и досега околу 1.100 дечиња го имаат искористено овој проект ова лето и уште 900 ќе го искористат до крајот на летниот период.
“Би сакал исто така да најавам дека во текот на септември месец ќе започнеме со подготвителни активности за продолжување на проектот и во зимскиот период при што планираме да опфатиме околу 1000 деца во зимскиот период. И понатаму ќе продолжиме со реализацијата на овој проект кој им помага пред се на децата кои што доаѓаат од материјално необезбедените семејства и им помагаме на самите семејства да ги испратат своите деца на одмор, да се стекнат со нови пријателства, да научат да пливаат и едноставно да поминат незаборавни 7 дена” заврши Спасов
Ново на Сител
-

Политички импулс без пресврт: Што носи Самитот ЕУ – Западен балкан?
-

Тема на денот со Александар Николовски, младински активист од Студентаријамк
-

Групацијата Флекс донираше куќичка за желките во скопската зоолошка
-

Eвроамбасадорот Рокас шокиран од состојбата на струшката депонија
-

Законот за правична застапеност во собраниска процедура
-

Без напредок во реформите, бугарските европратеници порачуваат: „Македонија сама си става вето“
-

Муцунски: Кај европските лидери постои засилен интерес за поттикнување дијалог меѓу Скопје и Софија
-

Вучиќ ќе оди во Тиват и покрај безбедносните ризици - тензии на релација Подгорица-Белград
