Loading Video...
Кошарка
20. January 2023 - 18:53

20-та рунда во Евролигата

Во Евролигата на програмата дуели од 20.коло.
 
Дербито во Истанбул, меѓу Фенербахче и Монако му припадна на турскиот тим кој дури по продолжение славеше со 98-94, откако регуларните 40.минути завршија нерешено (84-84) . Тоа беше третата победа во низа, а вкупно 13-та сезонава за Фенер, кој се  израмни во водечкиот Реал Мадрид кој пак вечерва гостуваат во Атина кај Олимпијакос.
 
Тринаесет победи има и Барселона која во шпанската пресметка беше подобра од Басконија со 85-78. 
 
Валенсија исто така стигна до третиот триумф во низа, откако пред своите симпатизери го победи Партизан со 89-81. 
 
И на останатите два натпревари победи остварија домашните екипи и тоа Макаби Т.А. - Алба со 87:74 додека Виртус Болоња подобар од Панатинаикос 74:64
 
Денеска на програмата се простатата четири средби:
18:30  Анадолу Ефес - Баерн Минхен
19:00  Жалгирис Каунас - Црвена Звезда
20:00  Олимпијакос - Реал Мадрид 
20:30  Олимпија Милано - Лион Вилербан