Македонија
7. July 2022 - 14:02

20-годишник со „пежо“ удрил во пешак и избегал, полицијата го пронашла и го привела

На 07.07.2022 околу 00.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на сервисната улица која ги поврзува ул.„Јордан Мијалков“ и ул.„Македонија“, патничко моторно возило „пежо“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.М.(20) од Скопје, удрило во пешакот С.Б.(31) од Скопје, информираа од МВР.

По несреќата, Н.М. го напуштил местото, но набргу потоа бил пронајден и приведен. По несреќата, С.Б. бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.