Македонија
20. February 2025 - 12:11

20-годишник со два ножеви сакал да влезе во Основниот кривичен суд Скопје

Вчера во 10.00 часот до СВР Скопје стигнала пријава дека во Основен кривичен суд Скопје, при преглед за влез, во ранецот на 20-годишниот М.К. од Скопје, службеник во судска полиција пронашол и одзел два ножеви и еден сатар.

Од МВР велат дека по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.