Македонија
15. December 2021 - 12:04

19-годишно момче украло повеќе предмети од маркет на „Илинденска“

Вчеравечер во 23.15 часот на бул.„Илинден“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода А.И.(19) од Скопје, стои во соопштението од МВР.

Тој се сомничи дека претходно околу 22.55 часот со уште едно лице со употреба на сила одзел повеќе предмети од маркет на бул.„Илинден“.

Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а во службен разговор во полициска станица А.И. го признал делото.

За настанот бил известен јавен обвинител и во координација со него по целосно документирање и расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.