Loading Video...
Тенис
6. November 2022 - 18:17

19-годишниот Руне го победи Ѓоковиќ во финалето во Париз

Данецот Холгер Руне е победник на Мастерс турнирот во Париз.  19-годишникот во финалето по голема борба и повеќе од 2,5 часа игра со 2:1 во сетови го совлада Новак Ѓоковиќ
 
Иако Србинот го доби првиот сет со 6-3, во втториот Данецот врати во иста мерка (6-3).  Решавачкиот трет сет кој траеше 1 час и 13 минути, го доби Руне со 7-5 за само трет негов трофеј во Мастерс серијата. 
 
На тој начин младиот Данец го заокружи својот санзационалениот настап во Париз, каде во пет дена победи петмина тенисери кои се наоѓаат во ТОП 10-те на АТП листата, на која Руне во моментов е 19-ти, а веќе утре сигурно ќе направи голем скок.