19-годишниот Леонид Индов транспортиран со хеликоптер од Виена во Скопје

Леонид Индов вчера, доцна попладне, беше транспортиран со хеликоптер од Виена во Скопје, информираат Министерството за внатрешни работи и Центарот за управување со кризи.
Леонид беше на лекување во Виена, Австрија и за него на 10 јули 2024 година неговиот татко упати барање до ЦУК за воздухопловен транспорт. Според МВР, хеликоптерот за воздухопловни единици на МВР бил опремен со медицинска опрема, а во него бил и медицински тим од ГОБ „8 Септември“. Ова, нагласува ЦУК, е прв ваков воздухопловен транспорт во нашата држава, на лице заболено од параплегија (со неможност за движење на екстремитетите, а дише со помош на подвижен респиратор и кој е поврзан со катетер).
- Во хеликоптерот на МВР се става специфична медицинска опрема согласно можностите, а и медицински персонал, за транспорт на болни и повредени. Во координација помеѓу Министерството за внатрешни работи и Министерството за здравство на барањето беше позитивно одговорено и вчера се изврши реализација на транспортот со хеликоптер опремен со соодветни медицинска опрема и персонал, од Виена, Австрија до Скопје. Транспортот со хеликоптер се реализира согласно Договорот за соработка и транспорт на болни лица помеѓу Министерството за внатрешни работи и Министерството за здравство на 6 февруари 2024 година од Скопје за транспорт на Леонид до Клиниката во Виена, Австрија на лекување.
Младиот Леонид Индов во јули минатата година се повреди на летување во Грција.
Ново на Сител
-

Драма на летот над Македонија
-

Ќе има ли нови изборни правила до 15 јули? Власта со нов повик до опозицијата
-

ДПТ стана дел од владејачката коалиција
-

ВРЕДИ гледа вмешаност на ДУИ во скандалот на „Ќафасан“
-

Построги правила за студентите во домовите со новиот Закон за студентски стандард
-

Разоткриена ИПАРД шемата: Поткуп од 50 илјади евра за проект од половина милион
-

Летниот одмор годинава поскап за 15% од ланскиот
-

Следната недела ќе се знае дали Охрид ќе го задржи статусот на светско наследство
