19 годишник силувал 14 годишно девојче од Тетово
Основното јавно обвинителство Тетово донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“.
-Осомничениот 19-годишник, на 12 април, во близина на маркет кај старите згради на Државниот универзитет во Тетово, со употреба на сила и закана, извршил полов напад врз 14-годишно девојче. Тој, заедно со уште едно непознато лице, ја пречекале жртвата во една уличка додека одела кон маркетот. Осомничениот, инаку нејзин сосед, ја повлекол за раката кон паркирано возило во близина. Другото лице го отклучило автомобилот, по што осомничениот ја удрил оштетената по лицето и ја натерал да влезе внатре на задното седиште. Со возилото управувало непознатото лице, кое ги заклучило вратите и ги одвело 200 метри подалеку, по што го паркирало возилото и излегло. На задното седиште останале осомничениот и оштетената, а тој со употреба на сила го принудил девојчето на полови дејствија. Потоа му се јавил на непознатото лице и заедно со автомобилот ја вратиле жртвата од местото каде што ја зеле. Осомничениот и се заканил дека ќе ја убие доколку каже некому за настанот. се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка во Основниот суд во Тетово доставил предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, оценувајќи дека тој би можел да се даде во бегство да влијае врз сведокот/жртвата или да го повтори делото. Судот го прифатил предлогот на обвинителството и на осомничениот му определил притвор во траење од 30 дена.
Ново на Сител
-

Ставен под контрола пожарот кај Чернобил, нема опасност од радијација
-

Сиљановска Давкова: Како Европјани, должни сме да се спротивставиме на секој облик на фашизам
-

Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за кршење на примирјето
-

Ѓорѓиевски: Очекуваме понуда, цена и временски рок за поправка на Жичарата на Водно
-

МВР одзема автобус кој превезувал ученици, неколку пати бил во дефект по пат
-

Фатени двајца малолетници од Скопје кои возеле без возачки
-

Средношколец од Прилеп четири години лажно се претставувал како наставник и имал пристап до е-дневникот
-

Во Италија е регистриран прв случај на зависност од вештачка интелигенција
