-->
-->
19-годишен Србин уапсен во гевгелиско - превезувал 14 Кубанци меѓу кои двајца малолетници
-->
Вчера околу 15.45 часот на бензинска пумпа на автопат А1 – Гевгелија, полициски службеници од Полициска станица Гевгелија го лишиле од слобода Е.Е.(19) од Република Србија, затоа што во возило „форд галакси“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 14 лица државјани на Куба, од кои две малолетни, со нелегален престој во државата, соопштија од МВР.
За настанот бил известен Јавен обвинител, а лицето било задржано во Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведен крадец во тетовски Порој, затекнат на дело
-
Приведени две лица, претрес во Штип, пронајдена дрога
-
Приведени двајца кавадарчани поради семејно насилство
-
АСО: Граѓани наплатија над седум милиони евра од осигурување живот за пет месеци
-
Приведен 28-годишник од Тетовско баран по централна потерница
-
ДЗР: Одржувањето на магистралните и регионалните патишта во опасност поради сериозните финансиски предизвици на ЈП
-
Делови на Грција денеска се очекува да бидат зафатени од силно невреме
-
Честитка од Сиљановска-Давкова до американскиот претседател Бајден по повод Денот на независноста на САД