18.Меѓународен фестивал „Денови на комедија во Куманово“
Со изведба на претставата „Нешто пропуштаме“ на Театар Комедија-Скопје вечер почнува традиционалниот 18. Меѓународен фестивал денови на комедија во Куманово, во организација на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, со поддршка на Министерството за култура.
На годинешново издание на фестивалот, љубителите на комедијата ќе имаат можност од 1-ви до 18-ти октомври да проследат 15 претстави, од кои четири од земјите од соседството. И оваа година фестивалот има ревијален карактер.
- На фестивалот ќе настапат 11 претстави од Македонија и четири на театри од соседството, Бугарија, Косово, Босна и Херцеговина и Србија, информира на денешната прес-конференција членот на Советот на фестивалот, Александар Георгиев.
Очекувањата на организаторите е дека ќе се надмине бројката на посетители во однос на претходната година кога беа прикажани десет комедии. - Во однос на посетеноста, лани регистриравме најголема од 5.000 гледачи, годинава очекуваме таа бројка да достигне околу 7.000, изјави директорот на НУ „Центар за култура“, Роберт Павлевски. Според Ристо Стефановски, долгогодишен театролог и член на Советот на фестивалот, кумановци ќе имаат можност да уживаат во најдобрите комедии.
Годинава, рече Сашо Костовски, драматург во кумановскиот театар, обрнавме внимание да бидат застапени македонски автори на комедија, така што имаме четири домашни автори на комедија.На годинашново издание на фестивалот ќе настапи велешкиот театар со „Спанаќ со пржени компири“, продукција Видик Скопје со „Ни ваму ни таму“, Драмски театар од Скопје со „Чолак“, прилепскиот со „Премиера во сабота“. Во четврток ќе настапи штипскиот тетар со „Лулка“, а потоа тетарот од Тузла од БиХ со „Државен Лопов“, во сабота на репертоарот е Евробалкан Институт од Приштина со „Чехов му кажа збогум на Толстој“. На 12. октомври драмски тетар Силистра од Бугарија ќе ја игра претставата „Се бара нов сопруг“, „Слуга на двајца господари“ ќе ја изведе турскиот тетар од Скопје, наредната вечер ќе настапи битолскиот со „Без паника“,по што ќе следи охрдискиот со „Детектор за лаги“, по што ќе биде прикажана „Бонсерс во изведба на албанската драма од Куманово“. Во недела продукција Видик од Белград со „Љубовници“, а фестивалот ќе го затвори премиерата „Идиоти“ во изведба на куамновскиот театар.
Ново на Сител
-
Две лица под истрага за грубо насилство во скопско Орешани
-
Кина предлага создавање меѓународна организација за вештачка интелигенција
-
Трамп пристигна во Шкотска, најави средби со Стармер и Фон дер Лајен
-
Во Скопје денеска и утре авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци
-
Беровскиот кризен штаб го повика населението доброволно да се вклучи во гаснење на пожарот на планината Готен
-
Камбоџа, пред СБ на ОН, побара итно примирје во конфликтот со Тајланд
-
Ристовски: Министерството за спорт не е организатор на ЕМОФ 2025, но правиме сѐ што е во наша моќ за да помогнеме
-
Скопје одбележува 62 години од катастрофалниот земјотрес