18 илјади сообраќајни казни од почетокот на февруари
Од почетоков на месецов заклучно со вчерашниот ден (20.02.) полициските службеници од сите осум сектори за внатрешни работи при БЈБ на МВР издале 18.132 платни налози на граѓани-учесници во сообраќајот за сторени прекршоци по основ на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила, соопшти МВР.
Најголем дел од тие непочитувања на сообраќајните правила и прописи се однесуваат на пречекорување на брзината на движење – 6.056, потоа непрописно паркирање - 4.213 инепоседување на возачка дозвола – 1.510.
Инаку, во рамки на вчерашните активности на полициските службеници во поглед на постојаните сообраќајни контроли низ патиштата во земјава, според статистичките показатели, беа издадени 864 платни налози. Притоа по основ на непочитување на брзината на движење и непрописното паркирање евидентирани се – 273, односно 270 прекршоци. Исто така, по основ на управувањето на возило без возачка дозвола вчера беа детектирани 58 прекршоци, потоа следат 33 случаи на некористење сигурносен појас и 28 случаи на зборување со мобилен телефон при управување со возило.
Покрај ова евидентирани се 14 прекршоци кај пешаци, седум лица управувале возило со недозволено ниво на алкохол во крвта, и три минувања на црвено светло. Во 21 случај, согласно Законот за возила, од сообраќај се отсранети нерегистрирани возила, стои во соопштението.
Ново на Сител
-
Македонија и Унгарија потпишаа договор за стратешка соработка
-
Претседателката: Не е проблем да разговарам со премиерот Жељасков
-
Правда финализираше пет закони од Реформската агеда
-
СЗДСМ - или современи помагала или лицата со дијабет ќе излезат на протест
-
Меџити: Забранивме 226 онлајн коцкарници – ова е директен удар врз криминалната мафија
-
Пуштен во употреба магистралниот пат Охрид-Свети Наум
-
Награди „Војдан Чернодрински“
-
Преглед на вестите од светот