18-годишник од Трубарево приведен за кражба на делови од комбајн
Дваесет и осумгодишно лице од скопско Трубарево било лишено од слобода во петокот ноќта поради сомнение дека украло повеќе делови за работна машина - комбајн, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи.
- На 24 јануари во 22:15 часот во село Миладиновци, скопско, полициски службеници од СВР - Скопје го лишиле од слобода А.Б.. Тој се сомничи дека истиот ден во периодот од 20 до 21 часот, со употреба на сила, влегол во дворно место на Љ.П., 63-годишно лице од селото Дељадровци, скопско, по што одзел повеќе делови за работна машина - комбајн, појаснуваат од Министерството.
Пронајдените одземени делови кај него, биле вратени на сопственикот.
По целосно расчистување и документирање на случајот, како што потенцираат од МВР, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Кржаловски
-
Филипче: Родовите прашања се сведуваат на прашања за доминација, тоа е погрешно
-
Интервентни мерки во вторник за поевтина храна, најави премиерот
-
Најави за странски инвестиции
-
Полициските контроли резултираа со намален број на интервенции на сообраќајки на Брзата помош
-
Тошковски: Селективната примена на закони ја загрозува правдата
-
Мицкоски: Победуваме на локални, имаме предност од 4:1
-
Мицкоски бара јавен притисок за промени во Судскиот совет