Loading Video...
Тенис
12. September 2021 - 13:59

18-годишната Радокану сензационално победничка на УС Опен

Ема Радукану е победничка на последниот Гренд-слем тениски турнир годинава УСА опен. 
 
Во нај сензационалното финале во историјата на овој турнир 18-годишната Британка, во два сета ја победи само четири месеци постарата од себе Лејла Ани Фернандез од Канада. 
 
До својот прв голем успех во кариерата Радокану стигна со триумфор во два сета со 6-4 и 6-3, го заокружи својот перфектен настап на турнирот, почнувајќи од квалификациите, па се до финалето, без притоа да загуби ниту еден сет. 
 
Британската тинејџерка со тоа само најави дека е во иднина честопати ќе ја гледаме во борбата за трофеите на најсилните тениските турнири ширум светот. 
 
Новата шампионка на УС Опен која пред турнирот беше дури на 150-тото место на ВТА листата сигурно веќе утре ќе направи огромен скок, како и финалисткатга Фернандез коа пред УС Опен беше 73-та на ВТА листа