1711 сообраќајни прекршоци изминатиов викенд, најмногу за брзо возење
Во деновите од изминатиот викенд (12./13. 07.2025) во рамки на редовните сообраќајни контроли што ги извршуваат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1711 издадени платни налози дури 828 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ги почитувале сообраќајните правила и прописите по однос на брзината на движење. Истовремено детектирани се 148 возачи што учествувале во сообраќајот без возачка дозвола, 80 возачи управувале под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, додека пак 70 возачи на мотоцикли се санкционирани заради неносење на заштитна кацига, соопшти МВР.
Покрај ова согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата 184 прекршоци се изречени за недозволено, односно неправилно паркирање, додека пак прекршочно се санкционирани уште 71 лице што не користеле сигурносен појас, 44 заради користење мобилен телефон при возење, четворица возачи минале на црвено светло, а прекршочни казни добиле и 11 пешаци.
По основ пак на Законот за возила, викендов 37 возила биле отстранети заради тоа што биле нерегистрирани, а девет возила заради техничка неисправност.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, стои во соопштението од министерството.
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни четири пожари, 15 изгаснати, еден ставен под контрола
-
Во Норвешка, речиси секој нов автомобил е електричен
-
Татко ми ме учеше на македонштина | Дамјан Стојановски | ПРОфесија | Sitel Podcast 104
-
Влада: Ќе се основа Мултифункционален научно-технолошки парк
-
Германската царина откри 1.500 тарантули криумчарени во колачи
-
Јавниот повик за прием на 400 пожарникари завршува во четврток, најдобрите ќе бидат дел од новата специјална единица на ДЗС
-
ЦУК: Активни шест пожари, изгаснати три
-
Алкалоид против Хановер во баражот за групната фаза во Лига Европа