169 сообраќајни прекршоци на територијата на градот Скопје, 29 од нив за брзо возење
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (12.04.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 169 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 29 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, 15 санкции за недавање првенство на минување на пешаци.
Изречени се 17 мерки за користење мобилен телефон, 10 санкции за прекршоци што ги прават пешаците, три за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), четири мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, три санкции за возење под дејство на алкохол, три мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), 40 за непрописно паркирање...
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Ново на Сител
-
МАЕИ: Се подготвува декларација за непризнавање на пописните резултати
-
Коце Трајановски назначен за в.д. директор на Јавното претпријатие за државни патишта
-
Изминатото деноноќие гореле камион, шупа, трева, депонии...
-
Молњи предизвикаа два шумски пожари на Тасос
-
Галичка свадба од 12 до 14 јули, Даријан и Стефана годинешните зет и невеста
-
Најмногу дожд во Дојран, утрово најсвежо на Попова Шапка
-
Конференција на Судскиот совет
-
СДСМ: Вистинските социјалдемократи никогаш нема да ги прифатат повиците на лажните патриоти од ЗНАМ