16 лица приведени за пустошење на шуми во прилепско
На 26.05.2022 на повеќе локации во место викано Борула, прилепско е спроведена координирана акција по Оперативна акција "Гора" на СВР Битола-ОВР Прилеп - НККР, Одделот за криминалистичка полиција и Одделот за специјални полициски операции со поддршка на ЈП Национални шуми и внатрешна контрола на ЈП Национални шуми . Од слобода се лишени И. А.(35), С. А.(58), А. З .(27) Д. А. (25), Н. М. (26), М. А.(24), А. А.(41), Ш. З.(41), П. К(42)сите од Прилеп, како и седум малолетници.
Пронајдени и одземени се шест патнички моторни возила, натоварени со дрва.Одземени се и шест моторни пили, 15 коњи и дрвна маса од околу 45 метри кубни,кои се предадени на шумочуварската служба при ЈП" Национални шуми". По документирање на службениот материјал ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Прилеп по член 226 "Пустошење на шуми" од КЗ на РСМ.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Најголема инвестициска офанзива во општините, се гради низ цела држава
-
Мицкоски задоволен од постигнатиот консензус меѓу Македонија и Бугарија за пругата од Коридорот 8
-
Активни се 4 шумски пожари низ земјава
-
Почина 16-годишен мопедист - Излетал од коловозот
-
Преглед на вестите од светот
-
Одложен судскиот процес за судењето на Раде Трајковски - Штекли
-
Дојран оваа сезона очекува 150 000 ноќевања
-
Преглед на вестите од светот