Македонија
23. September 2025 - 13:38

16-годишен штипјанец тепал друг малолетник со боксирач и тешко го повредил

СВР Штип поднесе кривична пријава против 16-годишник од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.

На 21.08.2025 во с.Карбинци, општина Карбинци, пријавениот физички нападнал малолетник, и притоа употребил т.н. боксирач, нанесувајќи му тешки телесни повреди.