16 години од смртта на поранешниот претседател Борис Трајковски
Со положување венци на гробот и на спомен обележјата во чест на поранешниот претседател Борис Трајковски денеска ќе биде одбележана 16-годишнината од неговата смрт.
Од владината прес-служба информираа дека министерот за дијаспора Едмонд Адеми ќе ја предводи делегацијата на Владата на одбележувањето на годишнината од смртта на Трајковски, во Мостар, кај Ротимље, каде што се случи авионската несреќа. Во делегацијата на Владата се и министерот задолжен за странски инвестиции, Елвин Хасан и заменик министерот за култура, Владимир Лазовски. На одбележувањето најавено е присуство и на претставници на Владата на Босна и Херцеговина и на градот Мостар.
Делегација на Владата што ќе ја предводи министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, заедно со министерот за образование и наука Арбер Адеми и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, ќе положи цвеќе на гробот на претседателот Трајковски на Градските гробишта Бутел во Скопје.
На споменикот на поранешниот претседател Борис Трајковски во Струмица, цвеќе ќе положи владина делегација во состав министер за транспорт и врски Горан Сугарески, заменик министерката за образование и наука Елизабета Наумовска и Кирил Парталов, државен секретар во Министерството за локална самоуправа.
Ново на Сител
-
Македонија и „Казанџи Холдинг АС“ со нов енергетски проект вреден милијарда евра
-
До сабота многу топло со температури над 40 степени
-
Енормно зголемена потрошувачката на вода во Скопје
-
Ротацијата на Земјата се забрзува: Денот денеска покус за 0,00134 секунди
-
МФ ја исплати Првата граѓанска обврзница и каматата од 5 отсто за втората година
-
Бидете внимателни при онлајн купувањата и запознајте се со ризиците во дигиталниот простор, апелира Јанкоски од Народна банка
-
Српската Влада префрли 1,8 милиони евра за субвенции за мајки кои сакаат да купат стан по раѓањето дете
-
ЦУК: Активни шест пожари, под контрола пет