Македонија
15. August 2023 - 8:31

155 санкционирани возачи во Скопје, 34 за брзо возење

Во текот вчерашниот ден (14.08.2023), СВР Скпоје продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 155 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 34 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)...

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.