150 килограми марихуана запленети на Богородица | ВИДЕО

Во рамки на заеднички оперативни активности на полициските и царинските службеници, спречен е обид за меѓународен транспорт на наркотична дрога марихуана. При детална контрола на товарно моторно возило – камион со скопски регистраски ознаки, извршена на граничен премин Богородица, пронајдена е и запленета значителна количина наркотична дрога марихуана, за која дополнително ќе биде извршена форензича анализа и вештачење. Според првичните информации товарното возило влегло од Косово, кое преку Македонија требало да транзитира кон Грција, со крајна дестинација Турција, соопшти МВР.
Оваа успешна акција е резултат на одличната меѓуинституционална соработка помеѓу Министерството за внатрешни работи Царинската управа, и претставува потврда за заедничките напори во борбата против организираниот криминал и нелегалната трговија со наркотични средства за што во ноември 2024 година беше потпишан Меморандум за соработка.
Истрагата продолжува со цел утврдување на сите инволвирани лица и начинот на организирање на транспортот. Јавноста ќе биде навремено информирана за сите понатамошни детали од случајот, наведуваат во соопштението.
Ново на Сител
-

„За влакно избегнавме трагедија“ - улични кучиња нападнале мајка и дете во Скопје
-

Тема на денот со Виктор Митевски, извршен директор на ЗМАИ
-

ДИК со првични официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа
-

Политички реакции по првиот круг во Брвеница
-

МНР: Навредливи и провокативни се изјавите на Демерџиев и Радуков за Ива Михаилова
-

Правосуден испит на албански или нови протести
-

Отказ за административците ако 2 години се негативно оценети
-

Нови цени на горивата
