-->
-->
15 предупредувачки знаци за рак кои луѓето не ги забележуваат се додека не е предоцна
-->
Кога луѓето имаат семејна историја на рак, тие обично се крајно претпазливи, па многу внимаваат на своето здравје, се консултираат со својот лекар и ги следат специфичните знаци за навремено да ги преземат сите потребни превентивни мерки.
Сепак, голем број луѓе не ги забележуваат симптомите на рак, бидејќи во јавноста се промовира свесноста за само неколку видови рак кои обично се најчести.
Од исклучителна важност е луѓето се' повеќе да се запознаат со превентивните мерки, а особено со предупредувачките знаци, за да можат да реагираат на време.
УНИВЕРЗАЛНИ ЗНАЦИ И СИМПТОМИ ЗА РАК
Секој вид на рак има свои симптоми, бидејќи зависи од локацијата на клетките на ракот и нивната раширеност. Сепак, постојат некои универзални симптоми кои се исти за повеќе видови рак.
1.Промени во вашата столица
Ненадејната промена во големината на столицата, чести проливи или запек, може да укажува на рак во горниот дигестивен тракт. Покрај тоа, се јавуваат постојани болки во стомакот.
2.Промени во вашата урина
Ако забележите дека многу често одите во тоалет и имате болка која е поврзана со уринирањето, треба да се консултирате со вашиот лекар, бидејќи овие симптоми укажуваат на рак на простата или мочен меур.
3.Појава на ранички
Раните може да бидат знак за неколку видови рак, како што е рак на кожа, рак на уста или рак на гениталии. Во случај да забележите било какви болки во телото, консултирајте се со вашиот лекар.
4.Крвавење
Ако се појави крвава столица или крв во урината, ако искашлувате крв или имате крвав исцедок, тоа може да бидат знаци за неколку видови рак. Консултирајте се со вашиот лекар колку е можно поскоро.
5.Појава на грутки или задебелувања на некои места од телото
Ако забележите грутка, промена во големината или ви се појави нова грутка, вие дефинитивно треба да се консултирате со вашиот лекар, бидејќи тоа може да биде поврзано со неколку видови рак.
6.Нарушено варење на храната
Една од најпознатите грешки за погрешно дијагностицирани симптоми е нарушеното варење на храната, бидејќи ова е многу честа состојба кај луѓето.
Сепак, најдобро е да се провери и да се направат потребните испитувања, за да се исклучи можноста за рак на горниот дигестивен тракт. Потешкотии при голтање и постојани болки во стомакот, исто така се предупредувачки знаци за рак.
7.Промена на бојата на кожата или чудни дамки:
Секоја промена на бојата, формата или големината на бенките или новонастанати дамки на кожата, може да индицираат рак. Консултирајте се со дерматолог доколку забележите невообичаени промени на кожата.
8.Невообичаен раст на влакна
Во случај да забележите невообичаен раст на влакна, консултирајте се со вашиот лекар, бидејќи наведената промена во телото е доста чест симптом на рак. Но, не дигајте веднаш паника, бидејќи тоа честопати може да биде и причина за некоја друга состојба во телото.
9.Промени во кожата
Промени во кожата може да се случат од различни причинители. Сепак, доколку се појават зацрвенети, пожолтени или потемнети делови на кожата, појдете на лекар и проверете за што точно се работи.
10.Болки
Ако имате силни ненадејни главоболки, или болки во грбот, тоа може да бидат знаци за одреден вид на рак.
Различни делови од телото се поврзани со различни видови на рак и било која хронична болка бара лекарска помош.
11.Висока температура / треска
Најчесто треската се поврзува со ракот на имунолошкиот систем, но тоа исто така може да укажува дека постоечкиот рак започнал да се шири на другите органи.
12.Нагло губење на тежината
Ако забележите дека губите премногу тежина без држење диета, тоа може да биде симптом на рак. Според Американското здружение за рак, повеќето пациенти со рак доживуваат ненадејно губење на тежината.
13.Кашлање
Хроничната кашлица или иритирано грло може да укажува на рак на дишните патишта, како што се рак на грло или на бели дробови. Ако не престанува кашлицата, најдобро е да посетите лекар.
14.Невообичаени лимфни јазли
Ако забележите било какво невообичаено задебелување и отекување на лимфните јазли, побарајте медицинска помош.
15.Замор
Можеби звучи чудно, но заморот исто така, може да биде предупредувачки знак за рак, бидејќи тоа е природен одговор на имуниот систем.
Одредени видови на рак може да предизвикаат загуба на крв, со што исто така се предизвикува замор. Во секој случај, доколку чувствувате хроничен замор – консултирајте се со вашиот лекар.
Забелешка: Горенаведените симптоми може да укажуваат и на други здравствени состојби во организмот, па затоа не дигајте веднаш паника.
Меѓутоа, секоја промена во телото потребно е да ја забележите и да ја проверите на лекар, бидејќи успехот на лекувањето во голема мера зависи од навременото откривање на болеста.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Забрана за товарни возила на Стража, Ѓавато и Маврово, задолжителна зимска опрема на патот Тетово-Попова Шапка
-
OJO: Предлог притвор за лицата кои се заканувале со оружје и експлозиви, па одзеле пари од продавницата „Нептун“
-
Мицотакис: Верувам дека Северна Македонија ќе сфати дека не во нејзин интерес да го следи ставот што создава проблеми со Грција
-
Романците денеска излегуваат на парламентарни избори во атмосфера на политички превирања
-
Трамп го нoминира лојалниот Каш Пател за шеф на ФБИ
-
Европската комисија „Фон дер Лајен 2“ стапува на должност
-
Македонските ракометарки го освоија првиот бод на ЕП 2024
-
Облачно со повремени врнежи од дожд и снег