15% од смртноста во Битола се должи на аерозагадувањето
15% од смртноста на населението во Битола се должи на аерозагадувањето, покажаа резултатите од истражувањето како дел од прекуграничниот проект „Развивање и имплементација на здравствен индекс за загадување на воздухот во прекуграничниот регион– (TRAP)“.
- 15% заради надминување на лимитот кој го дава СЗО. Зошто ги емриме овие проценти? Зашто се случаи кои можат да се спречат. Мерењето на овие проценти се врши затоа што тоа се случаи кои може да се спречат. Со акции можеме да спасиме животи и затоа потребна е мотивација за еко акции кои не треба да ги организираат само политичарите, туку и граѓаните, стопанските објекти, изјави д-р Драган Ѓорѓев, ИЈЗ.
Д-р Ѓорѓиев од Институтот за јавно здравје вели дека нема орган кој не страда од аерозагадувањето, не се само респираторните органи, а прва мерка која треба да се преземе е да се промени начинот на греење. Според анализите направени во истражувањето – токму најголем загадувач е греењето на дрва, потоа на нафта и мазут, а после следат индустријата и производството на електрична енергија, минералната прашина и честичките од сообраќајот.
- Енергетската политика мора да се базира за животната средина. Одредени проекти ќе мора да ги забрзаме, ако сакаме да ги замениме штетните извори на затоплување, тоа мора да се прави интензивно. Особено во овој период што доаѓа, зашто цените на енергијата ќе растат, енергенсите од старо време изгледа повторно се враќаат барем привремено и мора да се повети внимание на тој проблем, изјави проф. Дејан Миракоски, Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.
Резултатите од проектот мора да се употребат за зајакннување на капацитетите, вели заменик министерката за животна средина.
-Очекувам од овој проект подобрување на состојбите во животната средина, посебно на квалитетот на воздухот, а оваа активност треба да биде континуирана за да со тек на време видиме и подобри резултати. Подобрувањето на капацитетите на општините и соработката на локално и централно ниво несомнено треба да даде резултати, изјави Христина Оџаклиеска, заменик министер во МЖСПП.
Како дел од проектот креиран е и здравствен индекс согласно кој врз основа на загаденоста ќе се даваат здравствени препораки за ранливите групи.
-
Маја Богоевска
Сите содржини од овој новинар
