15 кучиња нападнале и искасале жена во Кичево
Проблемот кој со децении е присутен во Кичево и за кого барем засега не се гледа трајно решение продолжува и понатаму. Кучињата скитници во сите делови на градот безброј пати нападнаа недолжни граѓани кои често се здобиваа и со потешки повреди.
Бројот на напади од кучиња е исклучително голем, а за тоа потврдува и фактот што само во минатата година пријавени се 237 напади на кучиња скитници врз недолжни граѓани.
Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски изјави дека вчера на главната улица во Кичево од глутница од околу 15 кучиња вчера била нападната 32 годишната Г.Р.,на која и биле нанесени потешки повреди од овие предатори.
Исто така во текот на вчерашниот ден на улица „ 4-ти Јули“ кучињата скитници го нападнале и 36-годишниот С.Н. Проценките велат дека во Кичево има над 700 кучиња скитници и околу 500 во селските населби.
Ново на Сител
-
Пожар во Илинден, затворен автопатот
-
Тема на денот со Изет Меџити
-
Пожар во Илинден, затворен автопатот
-
Детската болница Козле остана без вода
-
Недостигот на вода во делови од Скопје главна тема на седницата на советот
-
Одложено рочиштето за Штекли, бил неконтактибилен и дезориентиран
-
Осомничената очна докторка од Битола барала 100 евра за да направи операција на перде на пациентка од Ресен
-
Мицкоски: Нема потреба од лидерска средба