15-годишното девојче од Велес ја смени изјавата дека била тепана и силувана од неколку лица
Петнаесетгодишната девојка, штитеничка на дом за деца без родители, за која полицијата вчера извести дека пријавила оти ја тепале и силувале во Велес, ја променила изјавата во полиција, објави ТВ Телма.
Веста за пресвртот во случајот, кој предизвика големо внимание во јавноста, ја потврдиле од СВР Велес. Девојчето им признало на полицајците дека станува збор за лажна пријава, велат од полицијата.
По вчерашната изјава на малолетничката, две момчиња од Велес, кои ги посочило девојчето, веќе биле повикани на разговор во станица. Според извори на Телма од полицијата, со сите вештачења и пропратни оперативни дејствија околу истрагата, докажано било дека таа ниту била тепана, ниту била силувана. Со оглед на тоа што веќе постојат доказите, девојчето признало оти нејзината пријава е всушност лажна пријава.
Ново на Сител
-
Завршни зборови на обвинетите
-
Бјере: Сега е моментумот за проширување
-
Зголемен бројот на пациенти со мозочен удар
-
Осцилациите на езерото штетни
-
Преглед на вестите од светот
-
Вечерва пристигнуваат првите 8 евакуирани македонски државјани од Израел
-
Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-
Сиљановска Давкова: Идентитетските прашања се надвор од било која преговарачка рамка