15. Фестивал на европски филм „Синедејс“ од 10-ти до 19 ноември
Осум филмови во официјалната програма и шест во селекцијата балкански филмови (СинеБалкан), како и 25 во гала-програмата ќе бидат прикажани на 15. Фестивал на европски филм „Синедејс“ (CineDays) кој ќе се одржува од 10-ти до 19 ноември во кината „Милениум“, „Фросина“ и во Џебното кино на Младинскиот културен центар (МКЦ) - организаторот на фестивалот.
Програмата која е составена од најнови филмски наслови, наградувани остварувања и од познати режисери, денеска на прес-конференција ја соопшти директорот на МКЦ Златко Стевковски.
Фестивалот ќе биде отворен идниот четврток во „Милениум“ со срспкиот филм „Дневникот на машиновозачот“ во режија на Милош Радовиќ, награден од публиката на фестивал во Москва, а на 19 ноември годинашниот „Синедејс“ ќе го затвори хравтскиот „Устав на Република Хрватска“ на Рајко Грлиќ, во кој копродукциски учествува и Македонија. Во Скопје ќе дојдат гости од екипите на двата филма - од филмот за отворањето ќе гостува Лазар Ристовски, и актерот Небојша Глоговац од филмот на Грлиќ за затворањето на фестивалот.
Во гала-програмата, за која има најголем интерес на „Синедејс“, и оваа година се филмови од звучни режисерски имиња, како Херцог, Џармуш, Верховен, Кончаловски, браќата Коен, Винтерберг, Озон, Вендерс, Алмодовар, Вуди Ален...
Стевковски се осврна на програмата „МК во ЕУ“ која ќе има три филма со копродукциско учество на Македонија - романскиот „Сиера Невада“ на Кристи Пуиу, словенечкиот „Ноќен живот“ на Дамјан Козоле и хрватскиот „Устав на Република Хрватска“, како и црногорскиот „Игла под прагот“ (од програмата СинеБалкан) во кој игра Никола Ристановски, а музиката е на Тони Китановски.
Селектор на натпреварувачките програми (Официјалната и СинеБалкан) е Бернд Будер, а за наградите ќе одлучуваат две жирија - Чедомир Колар, Зринко Огреста и Игор Иванов - за осумте филмови од Официјалната програма и Если Ердем, Нина Раковец и Дамир Чучиќ - за шесте филмови од СинеБалкан.
На 15. „Синедејс“ ќе има и програма на музички документарци, меѓу кои биографскиот филм за џез-музичарот Мајлс Дејвис во режија на Дон Чидл, потоа „The Beatles: Eight Days A Week“ на режисерот Рон Хауард и „Gimme Danger“ (филм за Иги Поп) на Џим Џармуш, премиера на „Лимуново дрво“ - документарец на Бранко Радаковиќ за првиот бенд на Милан Младеновиќ од „ЕКВ“, филм за Дејвид Брн...
Ќе има и програма на кратки филмови, студентска програма, детска програма со синхронизирани филмови, како и богата придружна програма во која се неколку работилници - за стоп-анимација, драматургија, продукциски дизајн...
И годинава на „Синедејс“ ќе има конкурс за филмска критика за филмовите на фестивалот, на кој може да учествуваат лица до 35 години. Наградите за трите најдобри филмски критики ќе ги додели тричлено жири. Тие се парични и во износ од 12.000, 9.000 и од 6.000 денари.
Влезниците за „Синедејс“ се по цена од 150 и од 100 денари, односно 50 денари за средношколци и студенти. Исклучок е филмот „Кафе-друштво“ од Вуди Ален за кој цената на билетот ќе биде повисока, што е услов за проекција што го побарала продукцијата.
Ново на Сител
-
Австриска министерка за надворешни работи: Путин губи време, Русија ќе биде преплавена со ковчези
-
Откако Израел прогласи „тактичка пауза“, пристигнаа 100 камиони со помош во Газа
-
Алиу: 205 милиони евра за болници кои инспирираат доверба, а не страв
-
Мицкоски: Пустец е доказ дека припадноста не се брише, дека коренот останува, дури и кога над него дуваат силни ветрови
-
До 18 часот вкупно 29 пожари на отворен простор, од нив 14 активни
-
Три жени осомничени за полови дејствија со деца и детска порнографија во гостиварско
-
Мајка и ќерка повредени кога нивното возило излетало и застанало на пругата кај Стар Мост во Велес
-
Ангелов: До 13:30 часот се евидентирани 16 пожари на отворен простор, од нив осум се активни