Македонија
8. August 2023 - 9:06

148 санкционирани возачи во Скопје, 31 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (07.08.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 148 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 31 санкција, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 10 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, седум мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)...

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.